Интереуропа организира железнички и комбиниран превоз на сите видови стока во сите европски земји, во земјите од поранешниот Советски Сојуз, дел од Азија и Блискиот Исток, и тоа со железнички и приватни вагони и контејнери. Покрај превозот во увозен-извозен правец организираме и превоз во сувоземен и во пристанишен транзит. Доколку примачот односно испраќачот нема индустриски тир, по потреба организирамде и превземање односно испорака на пратката со камиони . Организираме привремено складирање и дистрибуција на товари кои се транспортирани со воз.
Странките ги советуваме за употреба на соодветни вагони, правиме организација за истите и го оптимизираме товарењето. При превозот обезбедуваме следење на пратките.